ПО ФУРИОЗНИОТ СТАРТ НА ОЛИМПИЈАДА

Шахистите и шахистките поразени во второто коло

Машката репрезентација беше совладан од Молдавија, додека пак дамите немаа решение за Унгарија.

објавено: 25 септември 2018 - 18:43

По вчерашниот фуриозен стартот на шаховската олимпијада која се одржува во Грузија, македонските претставници денеска забележаа пораз и во машка и во женска конкуренција.

Шахистите беа совладани од Молдавија со 2,5 – 1,5. Кирил Георгиев славеше на првата табла, потоа Владимир Георгиев и Панчевски ги загубија следните две. Мечот на последната табла заврши нерешено.

Индентичен пораз забележаа и дамите, Бејатовиќ ја загуби битката на првата табла, Стојковска израмни, но потоа Коскоска и Петроска не успеаја да финишираат победнички.

И машката и женската репрезентација по второто коло имаат по 5,5 поени. 

Најново во Други спортови