100% ефект на стартот на шаховската Олимпијада

Шахистите и шахистките почнаа со убедливи победи

Мажите отворија со убедливи 4:0 против Брунеи, додека дамите со истиот резултат го „преслушаа“ Свазиленд.

објавено: 24 септември 2018 - 17:55

Машката шаховска репрезентација на Македонија почна со убедлива победа од 4:0 на 43. Шаховска Олимпијада која денеска стартуваше во Грузија. Во премиерното коло нашите шахисти извојуваа четири победи против селекцијата на Брунеи и почнаа со убедлив триумф.

На првата табла Владимир Георгиев славеше над Омар Ак Хира, а победи извојуваа и Панчевски, Недев и Николовски на останатите три табли.

Во женска конкуренција исто така бевме убедливи. На дуелот со Свазиленд обезбедивме убедливи 4:0. На првата табла со бели фигури Бејатовиќ беше подобра од Носимило, а исто така сигурни победи обезбедија и Коскоска, Николовска и Петровска на останатите три табли.

Најново во Други спортови