ГОЛЕМО ОЛИМПИСКО ОБЕДИНУВАЊЕ

Северна и Јужна Кореја заедно до организација на ЛОИ 2032

По заедничкиот настап на СП во ракомет во Данска и Германија во јануари, како и на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, нов голем чекор за двете земји.

објавено: 12 февруари 2019 - 18:15

Северна Кореја и Јужна Кореја, ќе направат големо олимписко обединување, со цел да ја добијат организацијата на Летните Олимписки игри 2032, а кандидат за домаќин е градот Сеул.

Двете земји иако се официјално во војна, имаа заеднички настап на светското првенство во ракомет во Данска и Германија минатиот месец, а лани заедно настапија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а последното спортско здружување на силите можеби конечно ќе донесе мир.

Кандидатурата се очекува официјално да биде доставена до Меѓународниот Олимписки комитет (ИОК) во Лозана.

 

Најново во Други спортови