НА СТАРТОТ МАКЕДОНИЈА НАСТАПИ СО ПЕТ КАРАТИСТИ

Прв ден во Мадрид: Берат Јакупи до четвртфиналето на СП!

Најдобар беше Берат Јакупи кој во -84 килограми во, четвртфиналето загуби од Казахстанецот Данијар Јулдашев со 5-0. На Јакупи за влакно му избега репасажот, бидејќи во полуфиналето Казахстанецот Јулдашев, по судиско изјаснување загуби од Украинецот Валери Чоботар. Претходно Јакупи славеше против: Ахмад Алмесфер од Кувајт со 6-5, Ајкан Мамаев од Азербејџан со 4-0 и Милан Бабош од Полска со 4-0.

објавено: 7 ноември 2018 - 11:30

Во тешка категорија Мартин Несторовски Светското првенство го заврши со скор од по една победа и еден пораз. Несторовски беше подобар од Вон Рак Ким од Ј. Кореја со 4-0, а загуби од Даниел Гајсински од Канада со 3-0.

Единствената претстваничка во женска категорија во борби на првиот ден од Светското првенство, Моника Стефановска својот настап го заврши уште на самиот старт, откако загуби од Анета Ружичкова од Чешка со 3-1.

 

Во конкуренција на кати, во машка конкуренција Ферри Исиќ во првите две кола со идентични 3-2 ги совлада Јесе Енкамп од Финска и Муад Оитес од Алжир, а во 3. коло беше сопрен од Казахстанецот Мади Катешов. Кај дамите својот настап во првата своја борба го заврши Пулексенија Јованоска кој тесно со 3-2 загуби од Ема Браздова од Словачка.

На овој Светски шампионат учествуваат 1117 натпреварувачи, од вкупно 140 земји, што е рекордна бројка кога е во прашање еден карате собир.

Резултатите од Светското првенство во Мадрид, Шпанија можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

 

Најново во Други спортови