ЗЛАТО ЗА ФРАНЦИЈА ВО КОМБИНАЦИЈА

Пинтуро до прво злато на светските првенства

Французинот Алексис Пинтуро е светски шампион во комбинација. Тој во спустот беше дури 24-ти, а зад најбрзиот Италијанец Доминик Париз заостануваше 1.52 секунди. Сепак, тој имаше одличен настап во слалом, по што ја презеде првата позиција и до крајот никој не успеа да го подобри неговото време. Неговото време по спуст и слалом изнесуваше 1:47,71 минути.

објавено: 11 февруари 2019 - 18:52

За Пинтуро ова е прво индивидуално злато на Светските првенства.
А само 24 часа по триумфот на Илка Штухец во спуст, уште еден Словенец стигна до медал. Тоа е Штефан Хадалин кој освои сребро во Оре. Светскиот јуниорски првак во алпска комбинација од 2016 година, го освои своето прво одличје во сениорска конкуренција благодарение на најдоброто време во слаломот во кое за 12 стотинки беше побрз од Пинторо, а во конечниот пласман заостануваше зад Французинот 24 стотинки.
Трет заврши Австриецот Марко Шварц.

 

Најново во Други спортови