TРОГАТЕЛНА ИСПОВЕД НА ТАЈСОН ФЈУРИ

Пиев, се дрогирав, купив Ферари и сакав да се убијам со него

Американскиот боксер Тајсон Фјури имал сериозни ментални проблеми поради кои почнал да се дрогира, помислувал и на самоубиство

објавено: 26 октомври 2018 - 16:00

Фјури оваа година се врати на рингот со две победи по ред, додека првиот меч по поразот од Кличко во 2015 година ќе го има против Деонтај Вајлдер на 1 декември во Лос Анџелес за титулата во ВБЦ категоријата.
Во интервју во емисијата на Џо Роган откри неверојатни работи.

Лумпував по цели ноќи, пиев, се дрогирав. Меѓутоа, кога ќе се отрезните паѓате во уште поголема депресија. Бев изгубен, не знаев што правам. Се будев и се прашував зошто сум станал. А тоа го помислува човек кој има се: пари, слава, титули, сопруга, фамилија, деца... Пробав да работам нешто друго. Играв голф, гаѓав глинени гулаби, но ја чувствував празнина во себе. Прв пат пробав дрога на 27 години. Секојдневно користев кокаин и алкохол", вели Фјури.

 

Низ глава ми доаѓаа луди мисли. Едно време помислив да се самоубијам, но да го направам тоа со стил. Летото 2016 година купив ново Ферари. Возев на автопат со голема брзина, се приближував до еден мост и не ми беше грижа. Сакав да летнам од мостот и да се здробам со автомобилот. Сакав да умрам. Но се премислив кога чув некој глас како ми шепоти: 'Не го прави тоа Тајсоне, мисли на фамилијата, на децата кои би растеле без деца'. Закочив. Излегов надвор и почнав да се тресам. После тоа повеќе не помислив на самоубиство", изјави Фјури.

На прашањето што би променил да може да се врати назад, Фјури одговори:

Ништо не би променил. Едноставно така требало да се случи", раскажува боксерот.

Најново во Други спортови