ТУРНИРОТ Е ОД 8-11 НОЕМВРИ ВО МАЛАТА САЛА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Осум земји ќе земат учество на 48. меѓународен „Златен Гонг“ (ФОТО)

Претходно веќе најавивме дека Македонија на 48. меѓународен турнир ќе учествува со осум боксери. Заедно со селекторот Чурлиновски, ќе работат и тренерите Владимир Цекиќ и Скендер Јахиу. Турнирот ќе се одржи во Скопје, во малата сала во СЦ „Борис Трајковски".

објавено: 7 ноември 2018 - 12:51

Боксерската федерација на Македонија, како и досега под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Македонија преку Владата на Република Македонија, во соорганизација со Градоначалникот и Советот на град Скопје, Сојузот на Спортските федерации на Македонија од 8-11 ноември 2018 година, по повод одбележувањето на Празникот „Ослободување на Град Скопје - 13 Ноември", ќе го организираат Традиционалниот 48-ми Меѓународен турнир „Златен Гонг" 2018.

-52 кг. Џан Демиров, -60 кг. Јасин Лама, -64 кг. Денис Муаремовски, -64 кг. Алим Насуфи, -69 кг. Гоце Јанески, -69 кг. Љулзим Исмаили, -75 кг. Октај Фератов, и -81 кг. Арсим Етеми ќе ја претставуваат Македонија.

Традиција, претставува голема спортска манифестација и презентација за развој на боксерскиот спорт и спортот во нашата земја. Супервизор од Европската боксерска конфедерација е Драгољуб Радовиќ од Србија. Турнирот се предвидува да се одржи на високо спортско и квалитетно ниво.

На турнирот ќе земат учество осум земји: Албанија, Бугарија, Косово, Полска, Романија , Словенија, Србија и Македонија. Се очекува да се одржат 14 борби во полуфиналето и 9 девет борби во финалето.

09.11.2018 година (петок)

Полуфинале
СЦ „Борис Трајковски" - Мала Сала

17:00 часот Натпревари
18:30 часот свечено отворање
18:45 часот Натпревари

10.11.2018 година (сабота)

09:00 часот Хотел „Континентал"
Едукативен центар при БФМ - Семинар за стручни кадри во боксерскиот спорт

ФИНАЛЕ

СЦ „Борис Трајковски" - Мала Сала

12:00 часот Натпревари

Најново во Други спортови