ДАЛИ ИРЕЦОТ ПРЕМНОГУ ЗБОРУВА, ИЛИ Е ПОДГОТВЕН ЗА „ФАЈТ"

Обложувалниците веруваат во Хабиб

Скоро цел свет со нетрпение ја чека главната борба на УФЦ 229 каде ќе се дознае кој е шампионот во лесна категорија...

објавено: 6 октомври 2018 - 22:45

Борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор е закажана за недела во шест часот наутро, а атмосферата, тензијата, наголемо расте...

Обложувалниците се занимаваат со прогнозите за овој меч, а судејќи според квотите рускиот борец е фаворит.
За победа на Хабиб квотата е 1.60, додека онаа за Ирецот е поставена на 2.19.

После освојувањето на титулата во перо и во лесна категорија во УФЦ, Мекгрегор се повлекува од ММА сцената и го предизвика Флојд Мејведер непобедениот боксерски шампион на бокс-меч.
Нурмагомедов рече дека борбата со Конор Мекгрегор станала лична работа поради дрското однесување на Ирецот.

„Конор може да зборува што сака. Никому не му е грижа за тоа. Кога ќе застанеме во кафезот ќе видиме кој ќе зборува"- кажа мирно Хабиб.

Последната борба на Мегрегор се случи во ноември, 2016 година кога го победи Еди Алварес, и така ги спои двете титули во лесна и во перо категорија. Поради неактивност, подоцна му беа одземени двата појаси. Моментално Нурмагомедов има 26 победи во серија, што е најдолг низ во историјата на ММА.

„Ова е подлабоко од борба. Ако не можеш да го погодиш мирот, насочи го ударот помеѓу очите. Ова никогаш нема да биде готово. Сакам на тој човек да му ја скинам главата, ќе го изедам жив. Нема 'погладен' човек од мене во овој момент"- рече Мекгрегор пред борбата.

Најново во Други спортови