БЕНЕДИК ИСПАДНА ВО ВТОРОТО, А ГАВРИЛОВА ВО ПРВОТО КОЛО

Нашите куглари не се снајдоа во спринтот

Македонските репрезентативци беа елиминирани од унгарски противници

објавено: 23 мај 2018 - 19:20

Борис Бенедик стигна само до втората рунда во дисциплината спринт, на Светското поединечно првенство во куглање, кое се одржува во романскиот град Клуж. Натурализираниот Македонец во првото коло го совлада Куна од Словачка, но потоа беше надигран од Унгарецот Заплетан. Во женска конкуренција, Билјана Гаврилова на стартот загуби од Унгарката Мехес.

Во микс тандем, Гаврилова и Бенедик беа подобри од хрватската двојка Лиовиќ-Гал, а потоа загубија од Романците Дука и Михалчоју. Во мешани тандеми, титулата му припадна на тандем од Чешка. 

Утре продолжуваат натпреварите во сингл. Бојан Влакевски има дуел со Германецот Матијас Дирнбергер. 

Најново во Други спортови