„ДЕЛФИН КУП“ ГО ДОБИ НАЈМЛАДИОТ УЧЕСНИК

НАДЕЖ БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА: Петгодишната Лена е најхрабрата пливачка

Лена Милошевска дефинитивно го одбележа „Делфин Купот", кој викендов се одржа во Скопје.

објавено: 5 јуни 2018 - 18:00

(ФОТО: Вангел Тануровски и Маја Аргакиева)

Македонија има надеж кога станува збор за пливањето како спорт. Ова на дело го потврди петгодишната Лена Милошевска на „Делфин Купот", кој викендов се одржа во Скопје, поточно на „Олимписки базен".

Борбениот дух кој го поседува малата Лена, но и недостигот на натпреварувања соодветни за нејзината возраст беше повеќе од доволен мотив да биде дел од „Делфин Купот".

Иако Милошевска беше најмладата учесничка и пливаше против неколку години постари натпреварувачи од неа, сепак таа успешно ги заврши трките во дисциплините „50 метри краул" и „50 метри грбно".

Како што велат нејзините родители, Лена која е член на пливачкиот клуб „Бисер" поради недостигот на првенства за пливачи на нејзината возраст, таа без проблем го прифаќа предизвикот да се натпреварува во повозрасните генерации.

Милошевска следната година ќе биде прваче во француското интернационално училиште ЕФИС, каде во моментов е во големата група во Градинката во истото училиште. 

Најново во Други спортови