ИНЦИДЕНТ ВО ЊУЈОРК

МЕКГРЕГОР ПОВТОРНО ПРАВЕШЕ ХАОС: Со шише виски против обезбедувањето и Хабиб (ВИДЕО)

Љубителите на боречките спортови на 7. октомври во Лас Вегас ќе ја видат ММА „борбата на векот", судирот помеѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов...

објавено: 22 септември 2018 - 09:00

А во пресрет на тој двобој, во Њујорк беше одржана конференција за медиумите ,и мерење на двајцата борци, а која одново ја одбележи ирскиот „неранимајко".

Имено, Мекгрегор е појави во „Радио сити мјузик холот" со шише виски, и уште тогаш беше јасно дека пред или подоцна ќе предивика инцидент.
Уште од самиот почеток „брбливиот" Ирец почна со навреди кон противникот.

„Ќе уживам во 'тепањето' на овој мал, валкан, лажлив глушец со стаклена брада"- викаше Мекгрегор.

На општо изненадување на сите, Русинот остана доста смирен, и не одговори на провокациите.

"Важен е само 7. октомври. Таа вечер ќе му дадам неколки лекции ма Мекгрегор"- беше се што имаше да каже Нурмагомедов.

Мекгрегор предизвика поголем инцидент откако замоли некој од публиката да му подаде чаши за да наздрави со Хабиб, кој ден порано го прослави својот 30. роденден.

Ирецот се обиде да му „бутне" чаша на Хабиб во неговите раце, што овој одби, со „оправдание" дека никогаше не пие алкохол. Тепачката ја спречи претседателот на УФЦ федерацијата Дана Вајт, кој ги раздели двајцата борци.
После тоа се пристапи кон мерењето, а двајцата борци ги чуваа тројца полицајци, се со цел да не се повтори инцидентот.

Најново во Други спортови