Реприза на „борбата на столетието“

Мега-спектакл во најава: Пакиао vs. Мејведер во Токио!?

Мејведер најави дека би можел да се активира повторно, доколку повторно биде организирана борба со Пакиао. Ако не успеат да се договорат, Филипинецот ќе има нова борба и тоа со Британецот Амир Кан.

објавено: 19 септември 2018 - 08:25

Филипинскиот боксерски мега-стар, Мани Пакиао, изјави дека наскоро може да биде договорен реванш борба меѓу него и Американецот Флојд Мејведер. Ако договорите поминат како што треба, Пакиао и Мејведер ќе ги видиме повторно во рингот, најверојатно во Јапонија.

Мејведер во мај 2015 година во Лас Вегас го победи Пакиао во меч наречен „борба на столетието" со едногласна судиска одлука. Американецот во август минатата година ја заврши кариерата како непоразен, по што успеа да го совлада и Конор Мекгрегор, попознат како ултимејт фајт борец.

Минатата недела самиот Мејведер најави дека би можел да се активира повторно, доколку повторно биде организирана борба со Пакиао. Ако не успеат да се договорат, Филипинецот, сепак, ќе има нова борба и тоа со Британецот Амир Кан.

„Оваа недела ќе ги завршиме преговорите, без разлика дали тоа ќе биде со Мејведер или некој друг. Ако се договориме со Мејведер најверојатно ќе боксуваме во Токио", изјавил Пакиао.

Најново во Други спортови