Почна 48. издание на традиционалната боксерска ревија

Македонските боксери утре во финалните борби на „Златниот Гонг“

Попладнево во малата сала на СЦ „Борис Трајковски" започна 48. издание на боксерската ревија - „Златен Гонг". На програмата беа полуфиналните борби пред утре закажаните финални пресметки.

објавено: 9 ноември 2018 - 20:30

Попладнево во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ започна 48. издание на боксерската ревија - „Златен Гонг“. На програмата беа полуфиналните борби пред утре закажаните финални пресметки.

Сите македонски боксери кои се пријавени за настап на турнирот во рингот ќе влезат утре (сабота) за кога се закажани завршните пресметки. Македонија на овој турнир ќе има осум боксери во скоро сите тежински категории. Утре во завршните борби ќе ги гледаме (-52 кг.) Џан Демиров, (-60 кг.) Јасин Лама, (-64 кг.) Денис Муаремовски, (-64 кг.) Алим Насуфи, (-69 кг.) Гоце Јанески, (-69 кг.) Љулзим Исмаили, (-75 кг.) Октај Фератов, и (-81 кг.) Арсим Етеми.

Денеска во првите квалификациски (полуфинални) пресметки се појавија дел од гостите од Албанија, Бугарија, Косово, Полска, Романија , Словенија и србија кои дпатуваа во Скопје. Еве ги и постигнатите резултати:

(-56 кг.) Глигориќ (Срб) - Боха (Ром) 2:0 (прекин)

(-60 кг.) - Гавриловиќ (Срб) - Мерлаку (Кос) 3:0

(-64 кг.) Грмуша (Срб) - Сејфијај (Кос) 3:0

(-69 кг.) Бехрами (Кос) - Зигула (Пол) 3:0

(-69 кг.) Стошиќ (Срб) - Ботушану (Ром) 2:1

(-75 кг.) Бујишиќ (Срб) - Перчински (Пол) 3:0

(-75 кг.) Незирај (Кос) - Вичол (Ром) 1:2

(-81 кг.) Џедику (Алб) - Стевановиќ (Срб) 0:3

(-91 кг.) Паљука (Алб) - Мечков (Буг) 0:3

Најново во Други спортови