ДОЛГ ПАТ ДО ЛИТВАНИЈА: ПРЕЛИМИНАРНА, ГЛАВНА, ЕЛИТНА РУНДА!!!

Македонија во претквалификациите за СП 2020 против Грција, Албанија и Сан Марино! (ФОТО)

Вкупно 48 репрезентации ќе се борат за пласман на Светското футсал првенство 2020. година што ќе се одржи во Литванија. Македонија во претквалификациите ќе игра во групата Ц заедно со селекциите на Албанија, Грција и Сан Марино, а организатор на турнирот ќе биде нашата земја.

објавено: 13 декември 2018 - 13:46

Прелиминарната рунда ќе се игра од 29. јануари до 3. февруари 2019. година, а првопласираните две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во главната рунда (22-27 октомври 2019 год.)

Ако Македонија биде првопласирана во својата група, во главната рунда ќе игра во групата 2 со Украина, Словенија и второпласираната од прелиминарната група Б (Белорусија, Норвешка, Косово, Андора).

А доколку бидеме второпласирани, тогаш во главната рунда се селиме во групата 5 каде што се Казахстан, Франција и првопласираната од прелиминарната група Е (Белгија, Шведска, Ерменија, Малта).

Кога сме кај главната рунда, во таа фаза првопласираните две репрезентации од секоја група ќе се најдат во елитната рунда (ждрепка 7 ноември 2019) каде што ќе се формираат четири групи, мечевите се од 28 јануари до 2. февруари 2020.

Првопласираните од секоја група одат директно на СП, а второпласираните ќе играат во баражот (9/12 април 2020).

Во тој бараж ќе имаме два меча и победниците од тие плеј-оф ќе им се приклучат на останатите селекции и така ќе се пополни европската зона од седум репрезентации (вклучувајќи го и домаќинот Литванија), од вкупно 24 репрезентации колку што ќе партиципираат на СП.

Најново во Фудбал