ШВЕДСКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

Македонија со четворица претставници на Светскиот Куп во Оре

Македонската алпска експедиција во понеделник заминува во Оре, Шведска, каде од 5 до 17 овој месец ќе одржи ФИС Светскиот Куп.

објавено: 10 февруари 2019 - 11:00

Македонската алпска експедиција во понеделник заминува во Оре, Шведска, каде од 5 до 17 овој месец ќе одржи ФИС Светскиот Куп. Нашите преставници ќе настапат во дисциплините велеслалом и слалом.

Антонио Ристески, Дердан Дехари, Лука Божиновски и Виктор Петков го сочинуваат тимот на Македонија. Во среда ќе одржат квалификациските трки за велеслалом, додека главната трка е закажана за во четврток, следниот ден е резервиран за квалификациите за слалом, додека по еден ден пауза ќе се одржи главната трка. 

Најново во Други спортови