КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ЈАПОНИЈА

„Купена" организацијата на Токио 2020

Првиот човек на Јапонскиот олимписки комитет е обвинет за корупција поради сомнителен трансфер од 2.3 милиони долари за добивање организација на ЛОИ 2020.

објавено: 12 јануари 2019 - 09:45

Поради незаконски финансиски активности поврзани со добивањето на организацијата на ЛОИ 2020 претседателот на Јапонскиот олимписки комитет, Цунекдзу Такеда е обвинет за корупција.

ИОК минатиот месец побарал да биде отворена истрага, бидејќи Такеда извршил сомнителен трансфер од 2.3 милиони долари за добивање на организацијата на Олимпијадата во Токио 2020.

Плаќањето било извршено во 2013 година пред гласањето во Буенос Аирес кога Токио беше прогласен за домаќин на Олимписките игри следната година, кога ги победи Мадрид (кој беше елиминиран во првата фаза), а потоа и Истанбул.

Такеда е претседател на Јапонскиот Олимписки комитет од 2001 година, додека од 2012 година е член и на раководсните структури во ИОК.

Најново во Други спортови