ПОКРАЈ ЕП ВО РАКОМЕТ, ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ИГРА И ХОКЕЈ НА МРАЗ

Хокеј за мерак: 47,011 гледачи на дербито на Рајна (фото)

Зимска хокеарска класика помеѓу Келн и Дизелдорф е одиграна на „Рајн Енерџи стадионот"

објавено: 12 јануари 2019 - 22:21

 

Дизелдорф го совлада Келн на нивен терен со 3:2 пред неверојатни 47,011 гледачи во „Зимската класика" во хокеарскиот шампионат на Германија. Дизелдорф водеше со 2:0 пред почетокот на третиот период, а во него Келн го изедначи резултатот. Во продолжението прецизно стрелаше Американецот Џон Хенрион за триумф на тимот на Дизелдорф.

Она што остана забележано е одличната атмосфера на 5 степени целзиусови под нулата и одличната кореографија на навивачите на Келн - со што беше вистинско уживање да се присуствува на оваа „манифестација".

Инаку ова беше јубилеен 100. дуел на овие две екипи од постоењето на германската хокеарска лига, а вкупно 222 во историјата. Исто така ова е трета победа на Дизелдорф над локалниот ривал сезонава и одмазда за поразот во „Зимската класика" од 2015 година (исто со 3:2).

Токму тој меч во 2015 година го одбележа рекордна посетеност не само во германски рамки туку и во европски. На трибините на „Дизелдорф арена" тогаш имаше 51,125 гледачи.

А вклучувајќи ја и вечерашната досега се одиграле четири зимски класици во Германија. Првата во јануари 2013 година во Нирнберг пред 50,000 гледачи, втората во 2015 во Дизелдорф и рековме, пред рекордни 51,125 гледачи, потоа во 2017 во Зинсхајм на теренот на бундеслигашот Хофенхајм пред 25,022 гледачи и вечерва во Келн на теренот на истоимениот фудбалски клуб.

Најново во Други спортови