Заради проблем со тежината

Георгиевска не може да настапи во Буенос Аирес!?

Македонскиот олимписки комитет информира дека Анамарија Георгиевска нема да настапи на Младинските олимписки игри Буенос Аирес 2018!

објавено: 9 октомври 2018 - 10:00

Анамарија, на 6 Април 2017 година, доби покана од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Светската Таеквондо федерација (СТФ) да настапи на МОИ Буенос Аирес 2018.

Во тој период, таа имаше 54 кгр. и беше пријавена во категоријата -55кг. Мора да се истакне дека во тој период беше тешко да се предвиди како таа ќе се развива и дали ќе биде една или две тежински категории погоре за време на МОИ.

Во меѓувреме, Анамарија Георгиевска во 2018 година оствари историски резултат за македонскиот спорт и освои јуниорски бронзен медал од светско првенство во Тунис во категорија -59кг.
Македонскиот олимписки комитет и Македонската Таеквондо Федерација испратија бројни дописи до ИОК и до СТФ за промена на категоријата во која таа ќе учествува, но за жал сите можни обиди и дописи за да се промени категоријата на овие игри за Анамарија беа одбиени од страна на СТФ.
Анамарија, во консултации со својот тренер и лекарската екипа во МТФ, го прифати тој предизвик иако тоа значеше напорен период и за неа и за нејзните тренери. Вчера, на официјалното мерење, на Анамарија и беа измерени 500 грама повеќе од дозволеното со што таа не доби дозвола за настап.
Веруваме дека ова ќе претставува уште еден силен мотив за Анамарија да биде уште подобра и да биде уште поодлучна во своите планови да биде бр.1 во светот.

Најново во Други спортови