Се откриваат деталите за следната борба на Мејведер

Флојд и Насукава ќе боксуваат во 3 рунди на Нова година!

Јапонецот ќе му се спротивстави на Американецот во боксерски меч кој најверојатно ќе има само три рунди.

објавено: 7 ноември 2018 - 14:45

Откако вчера стана јасно дека 41-годишниот Флојд Мејведер ќе има ново враќање во рингот и тоа на новогодишната ноќ против јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава, денеска полека стигнуваат и првите претпоставки за начинот на кој ќе се одбива борбата.

Со оглед на тоа што Мејведер не отстапува од тоа тоа да биде класичен бокс меч, најверојатно дуелот со Насукава ќе биде токму таков и тоа само во три рунди. Тоа не е ни на лик на оние борби кои Мејведер ги имаше во профи-боксот досега, но со оглед на влогот и популарноста, а и парите кои ќе се свртат за борбата во јапонска Саитама, веројатно ова е прифатливо решение.

Интересно е што борбата за првпат нема да се пренесува во САД на PPV платформите затоа што ќе биде организирана во раните часови за американската публика. Главниот приход се очекува од јапонска страна.

Најново во Други спортови