ЕП за деца борачи во Ѓер

Две „петки“ за македонските деца!

На ЕП во борење за деца, што се одржа во Ѓер, Унгарија македонските деца Стефан Штерјов и Реџеп Поцеста постигнаа убав успех. Се пласираа на петтите места во своите категории.

објавено: 17 јуни 2018 - 20:00

Двајцата се бореа и за медал, но не успеаја. Поцеста имаше шанси да постигне и нешто повеќе, ако судиското жири ја прифатеше одлуката на судијата на душекот..

Средбата ,при резултат 4-2 за македонскиот борач, беше прекината, бидејќи судиите не ја прифатија одлуката на судијата на душекот, кој покажа два поена за Минчев од Бугарија. Судиското жири одлучи дека наводно имало туш.

Според она што можеше да се види, за момент Бугарскиот борач го стави во туш позиција македонскиот борач, но тој веднаш се извлече. Сепак, македонските учесници имаа по две победи и покажаа дека пред нив е убава перспектива.

Од девојките, пријатно ианенади Бојана Лазарова, која во првото коло ја победи претставничката од Полска, но потоа загуби од репрезентативките на Русија и Молдавија.

„Задоволен сум од резултатите на нашите борачи. Се враќаат од Ѓер со поголемо искуство. Времето работи за нив..."- вели тренерот на македонската репрезентација, Давор Тасев.

Најново во Други спортови