Имаме европски шампион

Димитар Ѓорѓиев го освои златото на ЕП во Братислава

Нашиот најдобар кик-боксер Димитар Ѓоргиев успеа да се искачи на европскиот трон откако во финалниот меч во категоријата Лоу-Кик до 86 килограми, утринава го совлада Русинот Рамазан Баксанов.

објавено: 20 октомври 2018 - 12:34

Нашиот најдобар кик-боксер Димитар Ѓоргиев успеа да се искачи на европскиот трон откако во финалниот меч во категоријата Лоу-Кик до 86 килограми, утринава го совлада Русинот Рамазан Баксанов и успеа да го освои златниот медал на европското првенство во Братислава.

Ѓоргиев уште еднаш ја демонстрираше својата беспрекорна форма и доминација во категоријата во која настапи и ги потврди своите извонредни резултати.

Тој вчера во полуфиналето беше извонреден и го совлада Србинот Милош Цвјетичанин со 3-0 и да се најде во завршната борба во категоријата до 86 килограми, каде ја потврди својата класа.

Најново во Други спортови