Државниот централен регистер „пресуди“:

Дарко Нашков е нов претседател на Пливачката федерација на Македонија!

ЌЕ СЕ ОСТВАРИ СОНОТ – ДА СЕ ИЗГРАДАТ ПОКРИЕНИ БАЗЕНИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА!

објавено: 10 јуни 2018 - 11:40

Дарко Нашков и официјално е регистриран во ДЦР, како нов претседател на Пливачката федерација на Македонија.
Познато е дека пред извесно време се одржа редовно собрание на ПФМ, на кое за нов претседател беше избран познатиот спортски работник, поранешен пливач и бизнисмен, Дарко Нашков.
Тој, во 1994 година го преплива и Охридското езеро. Учествуваше на Охридскиот маратон. Зедно со Марјан Трендов, се двајцата штипјани кои досега учествувале на маратонот, и го препливалеОхридското езеро.
И официјално, Дарко Нашков ја превзема функцијата претседател на Пливачката федерација на Македонија. Минаа сите жалбени постапки и Централниот регистер донесе решение со кое се потврдува дека Дарко Нашков. е нов претседател на ПФМ.
За тоа кои ќе му бидат првите чекори, Нашков вели:

„Сакам да ја развивам Федерацијата и сите нејзини тела и органи. Акцент ќе ставам на најмладите категории. Стратешка цел ми е изградба покриени базени во повеќе градови во Македонија, секако, и во Штип. Една од главните цели што се нафатив да бидам претседател е токму изградбата на покриени базени во Македонија. Со нив верувам ќе се создадат услови за развој на пливањето. Се надевам дека сонот на плејада пливачки и ватерполо работници, вљубеници во водените спортови ќе се оствари"- потенцираше Нашков.
К. Манев

 

Најново во Други спортови