Кој ќе биде следниот ривал на Русинот?

Американецот Фергусон ќе биде новата „жртва“ на Хабиб?

објавено: 21 октомври 2018 - 08:00

Шефот на UFC, Дејн Вајт, знајави кој ќе биде најверојатниот следен противник за рускиот борец Хабиб Нурмагомедов по победата над Конор Мекгрегор. Вајт верува дека американскиот борец Тони Фергусон е најпогоден за улогата на следен противник за Дагестанецот.

Претседателот на UFC објасни дека и Мекгрегор и Фергусон претходно имале лесна шампионска титула и двајцата не загубиле во борба. Вреди да се напомене дека и таткото на Хабиб, Абдулмап Нурмагомедов, објави дека американскиот борец се смета за еден од најверојатните следни ривали на неговиот син. На 9 октомври, Фергусон изјави дека е подготвен да се бори со Русинот, но засега нема најава кога би се одржала оваа борба.

Друг потенцијален ривал на Хабиб е американскиот боксер Флојд Мејведер, кој ја заврши својата кариера , но доби покана дуректно од Нурмагомедов да организираат меѓусебен боксерски меч.

Најново во Други спортови