ВО ПРЕСРЕТ НА ПОСЛЕДНОТО КОЛО ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2019

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ЗА ОДБОЈКАРИТЕ: Убедлива победа над Унгарија во Скопје и чекаме резултати од Јелгава и Стокхолм

Не зависи се само од нив. Ако сакаат пласман на ЕП, одбојкарите сега покрај максимална победа над Унгарија утре во СРЦ „Кале" ќе треба да навиваат и за триумф на Летонија и Шведска за да бидат меѓу петте најдобри второпласирани селекции кои ќе патуваат на континенталниот собир.

објавено: 8 јануари 2019 - 18:00

Ако пред гостувањето во Запорожје, кај Украина во претпоследното коло од квалификациите за ЕП 2019, македонските одбојкари имаа сè во свои раце и беа креатори на својата судбина, по поразот од 3:1 се соочуваат со весела математика доколку сакаат премиерно да бидат дел од најсилното европско репрезентативно друштво.

Македонија и натаму е на второто место во групата Ф и е во трка за билет за ЕП, но сега со ист број на бодови, но и во круг на неколку второпласирани селекции кои исто така ги гледаат своите шанси за место меѓу најдобрите.

Од таму за Македонија не зависи ништо само од неа во пресрет на утрешниот дуел со Унгарија, во СРЦ „Кале", 20:15 часот. Ако сакаат пласман на ЕП, одбојкарите имаат само една опција максимална победа над Унгарија.

Но, и тоа нема да биде се. Исто така ќе треба да навиваат и за триумф на Летонија над Израел во Јелгава, односно Шведска да се радува против Азербејџан во Стокхолм за да бидат меѓу петте најдобри второпласирани селекции кои ќе патуваат на континенталниот собир.

Со оглед на тоа дека тие два натпревари се играат пред стартот на оној меѓу Македонија и Унгарија, ќе се знае дали и пласманот на ЕП ќе зависи единствено од крајниот исход во Скопје.

Најново во Други спортови