Почна и новата одбојкарска сезона

Шампионот тргна триумфално од Тетово

објавено: 5 ноември 2018 - 16:00

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Џио Струмица новата одбојкарска сезона ја почна со убедлива победа во Тетово на дуелот против екипата на Универзитет во Тетово. Струмичани славеа против амбициозниот состав на Универзитет во Тетово во три сета (22:25, 16:25, 21:25) и потврдија дека и оваа година остануваат први фаворити за титулата на домашната сцена. 

Иако сезонава ќе настапува со подмладен состав, Весна Пробиштип победнички го отвори првенството. Во салата „Софија Петровска" беше убедлива против дебитантот „Јанта волеј" со само 47 загубени поени. Другиот дебитант во Првата машка одбојкарска лига на Македонија, Дибра волеј, исто така загуби со 3:0 на туѓ терен. Во салата „Јордан Мијалков" во Штип, „УГД Студент" триумфираше препуштајќи му на ривалот само 24 поени.

Македонскиот вицепрвак Вардар ја отвори сезоната со тесна победа над „Шутова", додека Лирија го совлада „ГОК Борец" во соочувањето на староседелците во нашата одбојкарска лига. 

ОДБОЈКА - ПРВА ЛИГА (М)

1. КОЛО

Универзитет во Тетово – Џио Струмица 0:3 (22:25, 16:25, 21:25)

Весна Пробиштип – Јанта волеј 3:0 (25:18, 25:11, 25:18)

УГД Студент – Дибра волеј 3:0 (25:5, 25:10, 25:9)

Вардар – Шутова 3:2 (25:17, 21:25, 19:25, 25:23, 15:6)

ГОК Борец – Лирија 0:3 (19:25, 23:25, 19:25)

 

Најново во Други спортови