МАЛКУ ФАЛЕШЕ ДА ИЗВИСИМЕ НА ОДБОЈКАРСКОТО ЕП

ПРВО ДЕЛИРИУМ, ПОСЛЕ "ТРЕСЕЊЕ": Швајцарија можеше да ни го упропасти славјето

Украина, едвај, во тај-брејкот и со пресврт на разлика, 16:14 ја победи Швајцарија, за заверка на пласманот на Македонија на ЕП

објавено: 9 јануари 2019 - 23:16

Никој не се надеваше на такво сценарио, па затоа никој не го ни гледаше резултат меѓу Украина и Швајцарија, втората двојка од групата Ф, а токму тие можеа да им го загорчат животот на одбојкарите и да ја пресечат радоста во Кале.

По победата над Унгарија, солзите и песните, кога влегоа во соблекувалната од делириум се најдоа во состојбата на "тресење" и стравување за својата европска премиера.

Украина и Швајцарија играа 2:2 во сетови, а Швајцарците имаа и две сет-меч топки 12:14 во тај-брејкот. Победа на овој противник ќе значеше сосем спротивно сценарио на она кое се славеше неколку минути претходно.

За среќа, Украина направи пресврт со серија од 4-0, за конечни 16:14, односно 3:2 во сетови и официјална промоција на Македонија на ЕП 2019.

 

СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА ЕП 2019

Најново во Други спортови