НОВ МЕЧ ВЕЧЕРВА ВО СРЦ „КАЛЕ“ НЕИЗВЕСЕН ДО САМИОТ КРАЈ

Македонските одбојкари имаа 2:0, на крајот поразени од Украина! (ФОТО)

Вечерва во СРЦ „Кале" - Скопје избраниците на селекторот Матијашевиќ го одиграа вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2019.

објавено: 18 август 2018 - 23:14

После првиот триумф во Будимпешта над Унгарија од 2:3, во рамките од квалификациската група Ф македонската одбојкарска репрезентација загуби со 3:2 од Украина.

Како што и очекуваше, Украинците кои исто така се едни од фаворитите за првата позиција, но така не мислеа нашите најдобри играчи кои најпрвин беа подобри во првите два сета.

И двата беа освоени на два разлика, првиот со 27:25, а вториот со 26:24 и остануваше само уште еден до нов важен триумф што би значело голем исчекор кон континенталниот собир.

Неизвесно беше и во третиот сет, при 16:16 противникот зеде два поени во серија, а нашиот стратег беше принуден да побара тајмаут, бидејќи негативата веќе беше и минус четири (17:21). До крајот само рутински ја задржуваа позитивата и намалија ривалите на 2:1 во сетови.

Добро тргнавме во четвртиот сет, имавме и плус три во еден момент (17:14) и наместо да одиме со сите сили кон победата, дозволивме пад на концентрацијата, и Украина тоа го искористи за серија поени во своја корист. Следуваше израмнување на 2:2, а победникот се решаваше во последниот петти сет.

И повторно како во претходниот сет започнавме добро, поведовме со одлични 8:5, но следуваше неверојатна серија од 8:1 на противникот за да направи целосен пресврт што беше клучно за крајниот епилог. Пресудни беа сервисите на Виетски и неговите поени во напад, по што и нашиот прием беше несигурен, Украина со сите сили атакуваше сигурно кон триумфот, во тоа и успеа на крајот, го освои петтиот сет со 12:15.

Најефикасен во нашите редови беше Н. Ѓоргиев со 23 поени (22 од напад, еден ас), следен од Љафтов со 14 поени (12 од напад, еден од блок и ас).

Според најавите следниот трет меч нашата селекција ќе го има на 22. август со почеток од 20:30 часот дома против Швајцарија.

Фото: Петр Стојановски

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019
ГРУПА Ф, 2. КОЛО
САБОТА
МАКЕДОНИЈА – Украина 2:3 (27:25, 26:24, 20:25, 20:25, 12:15)
НЕДЕЛА
Швајцарија – Унгарија 18:30ч.
ТАБЕЛА
1. Украина 1 1 0 6:2 5
2. МАКЕДОНИЈА 1 1 0 5:5 3
3. Унгарија 1 0 1 2:3 1
4. Швајцарија 1 0 1 0:3 0

Најново во Други спортови