ЛЕТОНИЈА И ШВЕДСКА ОДИГРАА ЗА НАС

Македонија има се во свои раце

Шведска и Летонија ги победија своите ривали и ни ја подотворија вратата за Евро шампионатот. Два од трите услови се исполнети за Македонија да ја видиме на континенталниот собир, сега ни треба убедлива победа над Унгарија

објавено: 9 јануари 2019 - 20:49

А моментално Македонија води 1:0, откако првиот сет во дуелот со Унгарија го освои со 25:21. Два сета не делат од пласман на ЕП 2019...

Шведска вечерва во Стокхолм со максимални 3-0 го победи Азербејџан во групата Г. Од оваа група Грција е патник на ЕП, а Азербејџанците завршија на втората позиција иако имаат ист број на бодови со Швеѓаните.
А Летонија на домашен терен го изненади Израел со триумф од 3:1. Со оглед на тоа дека до пред ова коло немаа триумф Летонците одиграа одлично и славеа победа што ни е добредојдена затоа што токму тоа ни требаше.
Моментално во оној ранкинг за најдобрите второпласирани репрезентации Азербејџанците го заземаат последното место со само три бода. Израелците се претпоследни. Македонија го држи петтото место.

Најново во Други спортови