СЕ ОГЛАСИ КАПИТЕНОТ НА ОДБОЈКАРИТЕ

Ѓоргиев: После се што направивме за Македонија, барем ја заслужуваме вистината

Ни малку пријатните информации кои вчера дојдоа од Тарагона, а ги потврди и МОК, имаат и друга страна. Капитенот, Никола Ѓоргиев на својот „Фејсбук“ профил пиша дека биле неправедно оцрнети. 

објавено: 26 јуни 2018 - 08:20

Македонската одбојкарка репрезентација предвреме се враќа од Тарагона, причината за тоа е недоличното однесување на дел од играчите по завршувањето на мечот со Шпанија, како и бројните поплаки кои стигнале на адресата на МОК од страна на пет други олимписки комитети.

Откако и генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски потврди дека на Медитеранските игри се случиле вавкви ни малку посакувани сцени, во јавноста се огласи Никола Ѓоргиев.

„После се што направивме за МАКЕДОНИЈА барем ја заслужуваме ВИСТИНАТА...Веќе не ОСУДИВТЕ! ОВА НЕ ГО ЗАСЛУЖИВМЕ!!!“, стои на неговиот „Фејсбук“ профил.

Одбојкарите се враќаат во четврток, од МОК веднаш ги променија билетите, првичниот план беше да седат до крај на Медитеранските игри и покрај тоа што по два меча го завршија настапот. 

Најново во Други спортови