ШТО МИСЛИТЕ ДАЛИ МУ ТРЕБА НОВ ПРЕДИЗВИК НА РУСКИОТ „ЅВЕР“?

Нека му ја мисли УФЦ: Хабиб доби понуда која не се одбива! (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов минатата недела на еден одличен начин ја одбрани титулата во лесна категорија на УФЦ 229 во Лас Вегас, САД против Конор Мекгрегор. Го понижи Ирецот во октагонот, а веднаш после мечот поради навредите кои што ги добиваше пред мечот каде што се спомнуваа неговата вера, семејство и земја, го нападна тимот на Мекгрегор, односно неговиот спаринг партнер.

објавено: 12 октомври 2018 - 13:09

После хаосот не се помирува со најавени казни и суспензии, упати дури и отворено писмо во кое вели дека се откажува од хонорарите и не планира повеќе да настапува за УФЦ ако се потврди отказот кој Дана Вајт го најави за Зубаир Тухугов од неговиот тим.

„Зошто не отпуштивме од тимот на Мекгрегор кога го нападнаа автобусот и повредија неколку луѓе? Можеше некој да настрада, да го загуби животот. Зошто никој не зборува за навредите кон мојата земја, религија, нација, семејство? Зошто го казнувате само мојот тим, кога двете екипи беа дел од тепачката. Ако велите дека јас сум иницијатор на целата ситуација, не се согласувам со вас, бидејќи јас само го завршив тоа што тој го започна", рече Хабиб.

Во меѓувреме, одличниот Дагестанец доби една многу занимлива понуда за продолжување на кариерата. Така во текот на утринските часови добил понуда од WWE организација, односно да биде „кечер".

За каква организација станува збор? Значи, World Wrestling Entertainment е американска компанија која се занимава со професионално борење, но и филмови, музика, шоу, севкупно учесниците кои се дел од тие настани имаат за цел да ги забавуваат фановите.

Раководството на оваа организација каде што исто така се вртат големи пари посакува да го ангажира рускиот „борец", а Хабиб ги праша своите навивачи што мислат околу ваквата понуда.

„WWE ме праша да им се придружам. Што мислите околу тоа?", рече Нурмагомедов на Твитер, а поголемиот дел од фановите се согласуваат. Дури и се шпекулира борба во таа организација против исто така поранешен УФЦ шампион, кого исто така го нарекуваат како „Ѕверот", Брок Леснар. Таму е и Ронда Раузи која исто така е УФЦ шампион, дефинирана како „најлошата, најбруталната девојка“ која веќе има и шампионски појас од таа организација.

Најново во Други спортови