ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОВТОРНО НА СВЕТСКИОТ ВРВ

НА ДВЕ ТИТУЛИ ДО ЈУБИЛЕЈ: Федерер за прв пат го освои Штутгарт! (Видео)

Успеа да го совлада Милош Раониќ во финалето на АТП турнирот што се одржа во Германија.

објавено: 17 јуни 2018 - 15:19

Триумфираше Швајцарецот со 6:4 и 7:6 (3) против Канаѓанецот и на тој начин дојде до својот 98. АТП трофеј во својата кариера.

За прв пат го освојува Штутгарт како добра најава пред настапот на следниот Грен слем турнир „Вимблдон" каде што ја брани титулата од минатата година.

Воедно од понеделник повторно ќе биде прв тенисер на АТП ранг листата, а тоа ќе му биде почеток на 310. недела во која ќе биде најдобар на светот.

Најново во Други спортови