ПОЛУФИНАЛИСТ ВО ЛОНДОНСКИОТ КВИНС

МЕЃУ ЛЕГЕНДИТЕ: Ѓоковиќ ја забележа 800. победа! (Видео)

Тој е 10. тенисер кој остварил најмалку 800 победи, откако денеска во четвртфиналето во лондонскиот Квинс со 7:5 и 6:1 го совлада Французинот Манарино.

објавено: 22 јуни 2018 - 21:01

Освојувачот на 12 грен слем титули, Новак Ѓоковиќ така влезе во друштвото на легендите, а во Топ 3 се наоѓаат Џими Конорс (1.256 победи), Роџер Федерер (1.156) и Иван Лендл (1.068).

За пласман во големото финале на турнирот во Квинс, Србинот ќе игра против уште еден Французин, Шарди кој беше подобар од сонародникот Тијафо.

Во второто полуфинале ќе играат Марин Чилиќ (Хрватска) и Австралиецот Ник Кирјос.

Најново во Други спортови