БЕРК БУГАРИЌ ДОМИНИРАШЕ НА ТЕРЕНИТЕ НА „НЕОТЕЛ ОПЕН“ 2018

Македонската тениска надеж со две титули од европскиот турнир!

Заврши меѓународниот тениски Европски турнир за натпреварувачи до 16. години „НЕОТЕЛ ОПЕН 2018" каде што до трофејот стигна Берк Бугариќ (ФОТО, десно).

објавено: 11 август 2018 - 18:00

Освен од Македонија, на овој турнир имаше уште учесници од Русија, Украина, Италија, Грција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Во големото финале од сингл конкуренцијата со резултат 2:0 по сетови 6:1 и 6:2 нашата тениска надеж (трет носител на турнирот триумфираше убедливо против Петар Белошевиќ од Србија (шести носител).

Тоа беше неговата прва титула, а втората ја освои во двојки каде што како прв носител заедно со Евангелос Киприотис од Грција во завршната битка двапати со 6:3 беа подобри од Италијанците Томас Факини и Томасо Ферари.

 

Најново во Други спортови