СЕ ВРАЌА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ММА БОРЦИ ВО ИСТОРИЈАТА

Шанса за реванш: Кро Коп во февруари против Рој Нелсон! (ВИДЕО)

Легендарниот Мирко Кро Коп сепак ќе дојде до уште еден голем реванш.

објавено: 7 декември 2018 - 10:00

Имено, еден од најголемите ММА борци на сите времиња ќе се бори против Рој Биг Кантри Нелсон во „Белатор" на 16. февруари наредната 2019. година.

Оваа информација ја објави најпознатиот ММА новинар, Ариел Хелвани, повикувајќи се на извори од самата организација.

Инаку, овие двајца борци требаше да ги одмерат силите во мај на јубилејниот „Белатор 200" во Лондон, но тој меч пропадна, бидејќи Филиповиќ се повлече поради повреда на лигаментите на коленото.

Најново во Други спортови