СОСЕМА ОЧЕКУВАНО

Костовски реизбран за претседател на Македонската таеквондо федерација

Борче Костовски едногласно е реизбран за претседател на Македонската таеквондо федерација (МТФ) на Изборното собрание што се одржа во Скопје

објавено: 4 декември 2018 - 16:00

Борче Костовски едногласно е реизбран за претседател на Македонската таеквондо федерација (МТФ) на Изборното собрание што се одржа во Скопје. На Собранието присуствуваа 12 делегати од вкупно 16, соопштија од МТФ.

Костовски беше единствениот кандидат за претседател на МТФ.
Делегатите го разгледаа и четиригодишниот извештај за работата на МТФ, при што претседателот Борче Костовски детално се произнесе за успесите на македонското таеквондо за време на неговиот мандат.
Главна цел во наредниот мандат на Костовски е освојување на олимписка норма за Олимпијадата во Токио 2020 година и успеси на големите меѓународни натпреварувања, како европски и светски првенства.

ФОТО: ИПОН.МК

Најново во Други спортови