МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ

Јотовски стартуваше со убедлива победа во Тарагона

Успешен настап имаше најдобро рангираниот македонски тенисер во Тарагона, Шпанија.

објавено: 26 јуни 2018 - 15:50

Денеска на Медитеранските игри Томислав Јотовски во рамките од првото коло го совлада претставникот на Кипар Неос Елефтериос со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:1.

За пласман во четвртфиналето Јотовски ќе се соочи против натпреварувачот од Мароко, Амине Ахуда кој пак на стартот го елиминираше Бурим Бутуќи од Косово со 2:0 (6:0, 6:2).

Во Тарагона заедно со нашиот тенисер е и тренерот Чедомир Јовановски.

Најново во Други спортови