ВО НАЈАВА „ПЕКОЛНО“ ПОЛУФИНАЛЕ

Ѓоковиќ побрз од мракот на „Вимблдон“ (Видео)

Српскиот тенисер триумфираше во три сета против Карен Качанов со резултат 6:4, 6:2 и 6:2.

објавено: 9 јули 2018 - 22:36

На тој начин Новак Ѓоковиќ експресно ја помина осминафиналната пречка, а следна ќе биде Јапонецот Кеи Нишикори кој беше подобар од Ернестс Гулбис.

Рафаел Надал ја оправда фаворитската улога против Чехот Јири Весели (3:0) и за пласман во полуфиналето ќе игра против Дел Потро или Симон. Мечот беше прекинат моради мрак при водство на Аргентинецот со 2:1 (7:6, 7:6, 5:7).

Шпанецот и Србинот би можеле повторно да ги одмерат силите и тоа во полуфиналето, да потсетиме на последниот меѓусебен дуел во Рим, во финалето Надал со 7:6 и 6:3 триумфираше над популарниот Ноле.

Првиот носител Роџер Федерер ќе се сретне против Кевин Андерсон, а Канаѓанецот Милош Раониќ за ривал го има Џон Изнер.

Познати се сите четвртфинални двојки во женска конкуренција, таму сите фаворитки од Топ 10 изненадувачки се елиминирани, па сега сигурно прва фаворитка за титулата е Американката Серена Вилијамс, иако е рангирана како 25-та на „Вимблдон".

С. Вилијамс ќе игра против Италијанката Камила Џорџи, а во другите средби: Цибулкова-Остапенко, Касаткина-Кербер и Бертенс-Гергес.

Најново во Други спортови