МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ, ТАЕКВОНДО

Европскиот шампион Георгиевски со првата победа во Тарагона

Во првиот настап на Медитеранските игри во Тарагона успешно стартуваше македонскиот натпреварувач во таеквондо кој воедно е и европски шампион.

објавено: 28 јуни 2018 - 11:40

Во категоријата +80кг Дејан Георгиевски во осминафиналето убедливо триумфираше над италијанскиот натпреварувач Матео Милани со 24:13.

Доминираше во првите три рунди, првата ја освои со 5:0, втората беше најнеизвесна 4:2, а во третата 15:11.

Во четвртфиналето Георгиевски ќе се бори против Словенецот Иван Трајковиќ кој беше слободен на стартот.

 

Најново во Други спортови