ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Џудистот Јашари со бронза на Европското првенство во Сараево

Големиот успех во категоријата до 66 килограми Хамза Јашари го најави со победите на Хоменко од Латвија и домашниот фаворит Даријан Фалетар.

објавено: 29 јуни 2018 - 19:45

По тешка и исцрпувачка борба, шпанецот Пења Инсаусти, кој на крајот заврши како втор, му го нанесе единствениот пораз на Јашари.

Нашиот претставник својата победничка серија ја продолжи со триумфите над Романецот Букатару, Турчинот Демирел и германскиот репрезентативец Денис Мауер.

На Европското првенство во Сараево (Босна и Херцеговина) боите на Македонија ги бранеа и Резарт Хусени и Еди Шерифовски во категориите до 60 односно до 73 килограми.

Најново во Други спортови