ПОРАДИ ДОПИНГ

Суспендиран рускиот олимписки шампион во скок во височина

Иван Уков доби четиригодишна суспензија, а ќе мора да го врати и златниот медал кој ќе му припадне на второпласираниот од ОИ во Лондон 2012

објавено: 1 февруари 2019 - 19:43

Олимпискиот шампион од ОИ во Лондон 2012 во скок во височина Иван Уков е заработи казна поради допинг од Артибражата за спорт (ЦАС). 

Заедно со Уков е суспендирана и Светлана Сколина која ја освои бронзата на скок во височина во 2012, и потоа освои залто на светското првенство 2013 година. Двајцата добија забрани од по четири години, која стартува од денеска, а исто така тие треба ги вратат освоените медали. 

Американецот Ерик Кинард се очекува да биде промовиран во олимписки првак во скок во височина, додека Брижет Барет која освои сребро на светското првенството во Москва, ќе го земе златото. 

Двојната светска шампионска во фрлање кладиво Татјана Лисенко, на која претходно и беше одземано златото освоено на ОИ 2012 во Лондон, доби суспензија од осум години, поради втор прекршок. 

Сега бројката на суспендирани руски атлетичари поради допинг се искачи на 12.

 

Најново во Други спортови