Ни доаѓа позната гостинка на 6.мај

Супер промоција - Легендарната Пола Редклиф гостинка на скопскиот маратон

Легендарната маратонка и светска рекордерка, Пола Редклиф ќе биде промотор на скопскиот маратон што ќе се трча на 6. мај

објавено: 29 март 2018 - 15:05

Легендарната маратонка и светска рекордерка, Пола Редклиф ќе биде промотор на скопскиот маратон што ќе се трча на 6. мај.

Британката се уште е актуелна рекордка со време од 2:15.25 кој го постави во 2003 година на лондонскиот маратон.

Со атлетика, активно почнала да се занимава на 12-годишна возраст. На националните шампионати и училишни првенства во крос не бележи забележителни резултати (била 299 од 600 девојки на училшната крос кантри трка на Англија. На истата трка следната година била 4-та). Брзо и сѐ повеќе почнува да го докажува својот талент за трчање.

Иако до 2002 година постигнува позначајни успеси како јуниорски титули на светските првенства, а потоа и на светските првенства во крос, на 10.000 метри, на европски првенства, светската атлетска јавност добро ја запозна во 2002 година. На дебито на маратонот во Лондон победи и подоцна истата година, на Чикаго маратон истрча тогашен светски рекорд за време од 2:17.18. Една година подоцна, на домашен терен на лондонскиот маратон го урна светскиот рекорд, кој беше несоборен цели петнаесет години.

И покрај тоа што веќе неколку години е "пензионирана" атлетичарка и маратонка, сепак е огромен подржувач на Кралицата на спортовите. Постојано е присутна на големите атлетски настани и маратони како промотор и со задоволство сака да го афирмира женското маратонско трчање. Тоа е една од главните причини да ја прифати и поканата да биде дел од овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон.

 

Најново во Други спортови