КУБАНЕЦ Е, И ИМА САМО 19 ГОДИНИ

СЕНЗАЦИОНАЛНИОТ ЕЧЕВЕРИЈА: Во Стокхолм долета до 8.83 метри! (ВИДЕО)

Кубанскиот атлетичар Хуан Мигел Ечеверија триумфираше на митингот на Дијамантската лига, со петиот најдобар скок во далечина кој е изведен во историјата на оваа дисциплина...

објавено: 10 јуни 2018 - 21:00

Ечеверија го воодушеви светот на атлетиката со неверојатен скок од 8.73 метри кој го реализираше во последната, шеста серија од натпреварувањето во шведскиот главен град.

Овој 19.годишен Кубанец и пред овој скок беше пред триумф во Стокхолм, затоа што во четвртата сериј стигна до 8.50 метри, што за само три сантиметри беше полошо од неговиот личен рекорд до оваа недела.
Воедно, тоа е и најдобриот скок во далечина виден од 1995 година, кога Иван Педроса скокна 8.96 метри во Сестриере. Меѓутоа тој скок не беше признат како светски рекорд, поради ветрот. Па на сила остана оној стариот од 1991 година, кој го постави Мајкл Пауел, на Светското првенство во Токио.
Тогаш Американецот скокна 8.95 метри. И тој е сеуште актуелен светски рекорд во скок во далечина.
Поради ветрот и овој скок на Ечеверија нема да биде класифициран меѓу најдобрите на сите времиња на официјалните листи, но младиот Кубанец најави дека од него може да се очекува многу во иднина.

 

Најново во Други спортови