ИААФ СПРЕМИ РЕФОРМИ ВО АТЛЕТИКАТА

Поради „машкоданката" Семенја се менуваат правилата

Меѓународната атлетска федерација реши да промени некои од правилата, меѓу другото и поради атлетичарката од Јужна Африка, Кастер Семенја, која веќе нема да може да се натпреварува во трките на 800 и на 1.500 метри.

објавено: 26 април 2018 - 19:20

Правилото „хиперандрогенизам" ќе ги спречи атлетичарките со зголемено ниво на нивниот тестостерон од вообичанеоот да се натпреваруваат на трките со средна должина од 400. метри па се до една милја, затоа што тоа влијае да имаат неправедна предност.

ИААФ ќе и дозволи на Кастер Семенја и на другите девојки кои го имаа ова пореметување да се натпреваруваат само ако користат лекови кои го намалуваат природното ниво на тестостерон.

„Машкоданката" Кастер Семенја веќе цела една деценија е една од најконтроверзните личности во светот на спортот. А после нејзината победа на СП во атлетика во 2009 година, беше подложена и на тест за утврдување на полот, со што точно би се знаело дали станува збор за измама или не.
И беше дозволено да се натпреварува, па досега Семенја два пати беше олимписка шампионска на 800 метри (2012 и 2016) и три пати златна на Светските шампионати на истата должина на патеката (2009, 2011, 2017 година). А минатата година беше бронзена на трката на 1.500 метри.
Промените кои ги најави ИААФ ќе стапат на сила на 1.ноември, а претседателот на оваа организација, Себастијан Коу истакнува дека сега му се предадени доволни докази за примена на новите правила пред Спортскиот арбитражен суд.

Најново во Други спортови