ЕВРОПСКО АТЛЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КРОС КАНТРИ

Ивановски македонски претставник во Тилбург

Македонскиот тркач на долги и на средни патеки Дарио Ивановски (21) ќе биде единствениот претставник од Македонија на Европското првенство во крос-кантри што ќе се одржи в недела во Тилбург, Холандија.

објавено: 4 декември 2018 - 17:30

Македонскиот тркач на долги и на средни патеки Дарио Ивановски (21) ќе биде единствениот претставник од Македонија на Европското првенство во крос-кантри што ќе се одржи в недела во Тилбург, Холандија. Ивановски ќе настапи во категоријата до 23 години.

Дарио е во добра форма сезонава, во која меѓу другото го подобри македонскиот рекорд на 1.500 метри на Медитеранските игри во Тарагона, победи на Скопскиот и на Белградскиот полумаратон...
Според тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски, македонскиот тркач е во одлична форма што го покажал на последните тренинзи пред заминување во Холандија.
Ова ЕР во крос кантри ќе биде најмасовното досега, со 616 учесници од 38 земји. Инаку, ова е 25 издание на овој натпревар.

Најново во Други спортови