Некогашниот светски рекордер се опоравува по мозочниот удар

Џонсон: Не знам зошто ми се случува ова!

51-годишниот Мајкл Џонсон се уште не може да се врати во нормала по мозочниот удар кој му се случи пред 2 месеци.

објавено: 18 ноември 2018 - 18:20

Светскиот рекордер на 200 метри, Мајкл Џонсон, и таму се опоравува по мозочниот удар од пред два месеци. Некогаш најдобриот светски спортист за 1996 и 1999 година, човекот кој 200 метри трчаше за 19,32 секунди и кој замина од тартанот како вистински шампион, деновиве се опоравува во еден од најтешките периоди од неговиот живот.

Деновиве на свои 51 година, Мајкл најчесто ќе го најдете во клиниката во ЛА, каде веќе два месеци оди на редовни контроли, прегледи, па и болнички престој, по мозочниот удар кој му се случи пред околу 2 месеци.

„Бев најбрзиот во светот на оваа далечина. Но, и сега не сум обесхрабрен. Се вратив во мојата соба и и реков на жена ми: 'Јас ќе се опоравам целосно и побрзо од кој било друг порано'", вели Џонсон во своето прво интервју по животната препрека која му се случи.

Ударот за Џонсон дојде како гром од ведро небо. „Немам историја на срцеви заболувања, не пушам, редовно тренирав, не јадам брза храна. Затоа сум многу лут што ова ми се случи, бидејќи сум свесен дека ги направив сите жртви за здрав живот. Зошто ми се случува ова?", се прашува некогашната атлетска ѕвезда.

Најново во Други спортови