СТРАВ НА АТЛЕТИСКИ МИТИНГ ВО ЊУЈОРК

Атлетичарот Кемпбел колабрираше, па го оживуваа со дефибрилатор

Атлетичарот од Јамајка Кемој Кемпбел е сместен во болница во Њујорк откакако на трката на 3.000 метри ја загуби свеста и падна на патеката

објавено: 10 февруари 2019 - 13:00

28-годишниот атлетичар колабрираше на една третина од дистанцата, а веднаш му е пружена медицинска помош. По неколку минути Кемпбел бил однесен во болница со амбулантско возило, а неговиот менаџер Реј Флин вели дека докторите го оживувале Кемпбел со дефибрилација.
„Сите се изненадивме од тоа што се случи. Сепак, благодарам на Бога, тој е добро. Неговата девојка и брат се со него во болница", рече Флин.
Кемпбел е разноверсен атлетичар од Јамајка затоа што учествува на речиси сите трки од 800 до 10.000 метри. Се тркаше на Олимписките игри во Рио на 5.000 метри, како и на Светското првенство во Пекинг една година порано.

 

Најново во Други спортови