ПОБЕДНИК Е РУСКИОТ МЕДЊИ ВСАДНИК СТ. ПЕТЕРСБУРГ

Алкалоид шестопласиран на Европскиот клупски куп (ФОТО)

Вкупно два македонски клубови се најдоа во конечниот ранкинг на Европскиот клупски куп во шах што се одржа во Порто Карас. Во последното седмо коло Алкалоид успеа да го совлада израелскиот Беер Шева со 4,5:1,5. Триумфи забележаа Лирен Динг, Јангји Ју и Дмитри Јаковенко.

објавено: 18 октомври 2018 - 22:09

Ремизираа Дмитри Андрејкин, Павел Елјанов и Јуриј Криворучко за вкупно 11 поени во конечниот пласман на нашиот клуб и шесто место за Алкалоид со учинок од пет победи, еден пораз и реми.

Вториот наш претставник Гамит Асеко СЕЕ заврши на осмото место со 10 поени и учинок од четири победи, два порази и едно реми.

Во последниот меч Гамбит Асеко славеше 3,5:2,5 против Вуд Грин (Англија), порази имаа Петар Г. Арнаудов и Орце Данчевски, потоа Никола Николовски ремизираше, а победи забележаа Зоран Стојчевски, Дејан Динев и Љубиша Андоновски.

Првопласиран на ЕКК е рускиот претставник Медњи Всадник Ст. Петерсбург со 12 поени, пред чешкиот АВЕ Нови Бор (12) и Молодежка (Русија, 11) на третото место.

Најново во Други спортови