Нов случај на смрт на рагби меч во Франција

19-годишен рагбист почина откако го скрши вратот на натпревар

објавено: 13 декември 2018 - 16:20

Еден рагби младинец од францускиот тим „Стад Франсес“ почина по тепшката повред акаоја ја заработил за време на младински рагби натпревари од францускиот шампионат.

Како што објавија медиумите, станува збор за 19-годишниот Николас Шовин, кој претрпел скршеница на вратот откако имал сериозен пад за време на средбата. Смртта настапила како резултат на оштетувањ ена мозокот поради недостиг на кислород..

„Денес сите наши мисли се со семејството на Николас, на кое сите членови на клубот ги испраќаат своите најискрени сочувства", соопшти клубот во заедничката изјава што ја издаде со семејствата на играчите.

Ова е вториот случај на млад играч кој нпочина како резултат на повреда на натпревар од тековната сезона. Во август животот го загуби и 21-годишниот Луј  Фајфровски (21).

Најново во Други спортови