МАКЕДОНСКИОТ АТЛЕТИЧАР ЗА „СПОРТМЕДИА“:

10 ГОДИШНА КАРИЕРА: Мојата мисија е преку трчањето да имаме среќни и здрави луѓе!

Nike школата веќе стана препознатлив бренд, на меѓународен план најголемиот успех го имаше во март годинава, а една од неговите цели во иднина е секако трчањето, здраво и квалитетно.

објавено: 4 јули 2018 - 21:15

Ексклузивно за нашиот веб портал „Спортмедиа", говореше македонскиот атлетичар, Кокан Ајановски.

„Nike школата за трчање веќе стана препознатлив бренд, како во нашиот главен град Скопје, каде и се одржуваат тренинзите, така и во целата наша држава, затоа што редовно на сите трки и настани сме најмасовен клуб или нашето присуство е меѓу најбројните. Секој што сака да ни се придружи е добредојден, независно дали сака да се занимава со трчање рекреативно или професионално".

Сите активности што ги имаат одат во посакуваната насока и затоа и понатаму ќе продолжат да одговараат на потребите на луѓето за се поврзано со трчањето и промоцијата на здрав и активен начин на живот.

„Задоволен сум од моите настапи оваа година, затоа што го забележав и мојот најголем интернационале успех досега во мојата кариера, кога во март бев трет на Балканското првенство во маратон. Тоа можеби ќе биде и една круна на мојата 10-годишна кариера со трчањето".

Тој и понатаму во нашата држава успева да го задржи трендот да биде меѓу најдобрите тројца на трките на кои учествува, го прави среќен и потврда за неговиот вложен труд и посветеност која ја има со трчањето сите овие години во континуитет.

„Целите за во иднина ми се да продолжам да тренирам, да пронаоѓам нови мотивации за трчање и се додека можам, тоа да го правам на највисоко ниво. Но, најважно од се, да бидам жив и здрав и да продолжам да ја ширам мојата мисија преку спортот и трчањето што повеќе луѓе да бидат среќни и да живеат здрав и квалитетен живот!"

Најново во Други спортови