НЕОБИЧНО И АПСУРДНО ИМЕ

Знаете ли дека има вегетеријански фудбалски клуб

Африка и мал фудбалски клуб кој од трета лига стигна да слави шампионска титула

објавено: 8 декември 2018 - 09:30

„Леонес Вегетерианос" или во превод „Вегетеријански клуб Лавови" е фудбалски клуб со необично и апсурдно име (Лавот е месождер) и доаѓа од Екваторијална Гвинеја од градот Малабо.

Клубот е формиран од Шпанецот Хуан Мануел Рохас, вегетеријанец од Гранада кој дошол во Екваторијална Гвинеја во 2001 година со идеја да ги учи децата на дисциплина во исхраната и како тоа може да помогне да се стане добар фудбалер. Тој повеќе од 20 години работел како контролор на летање во Мадрид, но неговата страст отсекогаш бил фудбалот односно по откажувањето на секојдневната работа почнал да подучува дисциплина во фудбалот. Неговата идеја е децата треба да се учат на ветегеријанска исхрана која би помогнала во нивниот развој и здравје.
Најдов фудбалски тим, кој е во третата лига во Гвинеја и ќе го направам најдобар", изјавил Рохас.
Рохас ги поставил темелите, а неговите наследници успеале да му го реализираат планот. Вегетерианос ја освоил шампионската титула во 2017 година и националниот куп во 2014.

Рохас во 2003 година заминал во Индија да го промовира својот проект со тоа што штрајкувал со глад во светиот индиски град Пушкар, за да издејствува спортски објект на кој ќе може да го прекопира својот проект од Гвинеја и во Индија, односно да претвори група на млади вегетеријанци во најдобрите фудбалери во Индија.

Најново во Другата страна на спортот